Прашањата на ТВ Н1 поврзани со здравствената состојба на Вучиќ

од Aleksandar Todeski

Новинари од таблоиди и аналитичари на телевизии со национална фреквенција, блиски до српскиот претседател Александар Вучиќ, како и заменик-градоначалникот на Белград ги поврзаа поставувањето новинарски прашања кон претседателот од страна на новинар на телевизијата Н1 со неговата здравствена состојба, пренесува српската ТВ Н1.

„Лично јас знам колку му беше тешко на претседателот Вучиќ поради она што го гледавме на телевизија. Оној колега, ако можам да го наречам така, најверојатно од Н1, кој му го носи телефонот во лице на претседателот на државата – па, каде го има тоа. Идејата беше да се предизвика рефлексна реакција на Вучиќ за подоцна од тоа да се направи хаос“, вели уредникот на Информер, Драган Вучиќевиќ, во емисија на провладината ТВ Пинк.

За тоа зборуваше и заменик-градоначалникот на Блеград, Горан Весиќ, во вклучување во живо во вестите на ТВ Студио Б.

„Можевте да видите вчера неколку часа пред претседателот да биде хоспитализиран, како новинарот на Н1, Миодраг Совиљ му го носи во лице телефонот и му се обраќа онака, со уличарски речник“, рече Весиќ.

Повеќемина новинари и нивни здруженија сметаат дека таквата интерпретација на настаните претставува директен притисок врз независните медиуми и ја загрозува нивната безбедност.

Од телевизијата велат дека имало голем број на случаеви со закани кон вработените во Н1 во последните пет години. Еден од нив добил условна казна затвор, а на друг му било одредено лечење во специјалистичка установа.

Слични содржини