Актуелно
Почетна / Македонија / Политика / Прашањето со мигрантите главна тема на средбата Поповски – Курц

Прашањето со мигрантите главна тема на средбата Поповски – Курц

На денешната средба меѓу македонскиот министер за надворешни работи, Никола Поповски и неговиот австриски колега Себастијан Курц, се разгледани прашањата за мигрантската криза и плановите на ЕУ за нејзино менаџирање. Како што изјави Поповски, Македонија ќе ја следи европската стратегија. Австрија вети целосна подршка во справувањето со сегашната состојба со мигрантите. Кординираното дејствување за овој проблем е клучен за ЕУ, токму затоа Курц е во посета на земјите од Западен Балкан.

27230golema

–  За таа цел, Македонија ја поздравува финансиската помош, бидејќи до сега целиот трошок за справување со кризата беше врз грбот на македонските даночни обврзници, рече Попоски.

Курц додаде дека во 2016 година, Австрија ќе го достигне лимитираниот број на прифаќање на бегалци, кој е определен на околу 37.000 и дека потоа ќе ја затвори својата граница, а како помош за земјите кои ќе бидат погодени од тоа, меѓу кои и Македонија, ќе испратат свој полициски и воен персонал кој ќе работи под директива на македонските власти.

– Австрија е една од трите земји, со Германија и со Шведска, во кои најмногу се примаат бегалци. Нашите одлуки ќе имаат последици кон земјите од балканската рута, Словенија, Хрватска, Србија и Македонија, изјави Курц, додавајќи дека Македонија ќе мора целосно да го сопре бранот на бегалци.

Одговарајќи на новинарско прашање, дали во ЕУ се разгледува можноста за бегалски кампови во Македонија, австрискиот Министер за надворешни работи потенцираше дека не се исклучува можноста за отворање на прифатни центри, во кои, бегалците кои нема да можат да стигнат до земјите од ЕУ, ќе мора привремено да чекаат овде.

 

 

loading...