Пратеничка на Самоопределување: Ако Јамајка не го признала Косово, нашата амбасадорка треба да биде отпуштена од функцијата

од Nikola Popovski

Пратеничка на „Самоопределување“ во косовското собрание изјави дека Валона Читаку, ако е точно дека Јамајка не го признала Косово, треба да биде отпуштена од функцијата.

Косовскиот претседател Хашим Тачи на социјалните мрежи во четвртокот објави дека е известен од косовската амбасадорка, Валора Читаку, дека Јамајка го признала Косово како суверена и независна држава.

Сепак денес, стигна веста дека министерот за надворешни работи на Јамајка ја демантира веста и објави твит, во кој се  вели дека Јамајка никогаш не ја признала независноста на Косово.

Пратеничката на „Самоопределување“, Фиторе Пацоли, затоа смета дека, доколку е вистина, амбасадорката во САД, Вљора Читаку треба да поднесе оставка веднаш, објави приштинскиот „Коха диторе“.

Таа, исто така, истакна дека косовските амбасадори треба да бидат „чешлани“ заради ваквите ситуации.

„На Косово сега му требаат компетентни, стручни и одговорни амбасадори за придобивките на државата. Не ни требаат амбасадори кои носат лажни информации. Ако веста за признавањето на Јамајка на Косово е навистина лажна, амбасадорката Читаку треба веднаш да ја напушти“, напиша Фиторе Пацоли на неговата сметка на Фејсбук.

Слични содржини