Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара седница за пратенички прашања

од Берта Китинска

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара итна седница за поставување на пратенички прашања, реагираше денеска координаторот Никола Мицевски.

„Со откажувањето на седницата за пратенички прашања, се оневозможи да поставиме пратенички прашања дури и на именувани функционери кои што и покрај оставката на Владата остануваат на своите функции“, рече Мицевски.

Во Собранието на Република Македонија, посочи тој, имаме заменици министри кои иако се во оставка, се присутни на седница како подносители на законски решенија.

Мицевски рече дека поднеле барање да се одржи седница за пратенички прашања и носителите на именувани функции, како што побара, да дојдат и да дадат одговори на пратениците и граѓаните.

Слични содржини