Пратеничката Петровска е позитивна на Ковид-19

од Nikola Popovski

Поранешната заменичка техничка министерка на МВР и актуелна пратеничка од редовите на СДСМ, Славјанка Петровска е позитивна на Ковид-19.

Таа соопшти дека денес попладнево ненадејно добила покачена температура и омалаксаност додека била на седница на Собранието.

„Попладнево се тестирав и за жал резултатот е позитивен. Изминативе денови имав ограничени движење и физичко присуство на состаноци, каде постојано носев заштитна маска.

Ги почитував правилата, но очигледно е дека имало момент на невнимание. Ве замолувам бидете внимателни, болниците се преполни, лекарите изморени, а ние сме лесни ранливи. Чувајте се“, напиша Петровска на својот Фесјбук профил.

Слични содржини