Пратеникот Муцунски ја откажа седницата на Комисијата за финансирање и буџет

од Берта Китинска

Пратеникот од  редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски денеска ја откажал седницата на Комисијата за финансирање и буџет, само еден час пред одржувањето, посочи Снежана Калеска Ванчева, пратеничка и координаторка на Форум на жени на СДСМ

Таа обвини дека и денеска ВМРО-ДПМНЕ се однесува деструктивно.

„На оваа седница на дневен ред беше уште еден закон од интерес на работниците, закон поврзан со надминување на последиците од коронакризата, односно Законот за данок на добивка. Со предлог измените се предвидува олеснување на начинот за покривање на загуби на товар на идните добивки, се зголемува износот за регрес кој не се даночи со што се создаваат можности за исплата на повисок износ на регрес за годишен одмор за работниците. Ете колку се грижи ВМРО-ДПМНЕ за работниците, колку се грижи за компаниите, колку се грижи за економијата“, изјави Калеска-Ванчева.

Слични содржини