Пратениците од првиот собраниски состав повикаа да се гласа „За“ на референдумот

од desk2

Триесетина пратеници од првиот парламентарен состав ги повикаа граѓаните да излезат и да гласаат „За“ на претстојниот референдум кој ќе се одржи на 30-ти септември годинава.

„Ние имавме историска шанса да ги удриме темелите на независна и суверена Македонија. Ги направивме вистинските чекори во вистинско време. Донесовме декларација за независност, донесовме декларација за членство во ЕУ и НАТО, го донесовме Уставот, како и одлуката за референдумот. Приемот во ОН беше условен со прифаќање на спогодбата со Грција и можевме да кажеме дека сакаме во ОН, но не со референцата ФИРОМ, меѓутоа каде ќе бевме сега? Не згрешивме, ги направивме вистинските чекори во вистинското време. Можете да ги почитувате или не СДСМ и Заев, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски или ДУИ и Ахмети и сите други партии, но Македонија мора да ја сакаме. Вашите ставови искажете ги на избори, но ова е референдум“, рече поранешниот пратеник, Алил Џафероски.

Тој порача дека вистинска одлука е на 30 септември да се излезе и да се гласа „за“, бидејќи тоа е уште еден вистински чекор во вистинско време.

Меѓу пратениците беа, првиот претседател Стојан Андов, Петар Гошев, Тито Петковски, Васил Зимбаков, Мухамед Халили, Ѓулустана Марковска, Михаил Пановски, Исмет Рамадани и други.

Слични содржини