Пратениците заминаа на одмор до 30. август

од Nikola Popovski

Собранието на Република Северна Македонија во рамки на 71. седница го заврши претресот по предлогот Хисни Имаили од Алтернатива да биде нов потпретседател на Собранието. Поради немање доволен број пратеници гласањето е најавено за почетокот на септември, по завршување на годишните одмори. Исмаили за потпретседател на Собранието беше предложен со потписите на 20 пратеници.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, меѓудругото, изрази надеж дека Исмаили ќе го почитува Деловникот за работа на Собранието, законите и Уставот. Мицевски рече дека Исмаили денеска нема да биде избран за потпретседател на Собранието бидејќи мнозинството нема доволен број пратеници за да го изгласа. За да се види тоа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се одјавија од системот и излегоа од салата.

Во своето обраќање од говорницата Мицевски му порача на Исмаили како не треба да работи, по што претседателот на Собранието Талат Џафери одговори на одредени тврдења.

Пратеникот Хисни Исмаили рече дека се обраќа на македонски јазик во знак на почит кон Македонците, а посбено кон македонскиот јазик во ова, како што кажа, „време и невреме за македонскиот јазик”.

Пратениците заминуваат на одмор, а активностите ќе ги продолжат на 30 август. 

Слични содржини