Правда нема ингеренции, вели Тупанчевски за отворањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“

од Nikola Popovski

Министерството за правда нема ингеренции. Советодавното тело за употреба на имиња на историски личности на здруженија e владина комисија, изјави денеска министерот за правда, Никола Тупанчевски на новинарско прашање дали ќе се дозволи отворање на бугарскиот клуб во Охрид „Цар Борис Трети“.

Тупанчевски верува дека за кратко време ќе биде одржана конститутивната седница на Советодавното тело и да почне со работа, односно да биде на ниво на задачата која што е поставена пред нив.

Според него, советодавното тело дава сопствено мислење околу карактерот на историските личности коишто треба да бидат составен дел од името на некое здружение или фондација.

На седми октомври во Охрид ќе се отвори новиот бугарски културен клуб во Македонија, наречен „Цар Борис Трети“. Отворањето е четири дена пред Денот на народното востание против фашистичкиот окупатор во Македонија и државниот празник 11-ти Октомври.

Цар Борис бил соработник на Хитлер во Втората светска војна. На 21 јануари 1941 година го потпишува антиеврејскиот Закон за заштита на нацијата, ја презема паролата на нацистичка Германија „Eден цар, еден народ, една држава“ и е докажан заговорник за спроведување на т.н. „конечно решение на еврејското прашање“.

Левица најави дека ќе поднесе иницијатива за забрана на ова здружение и клуб.

Слични содржини