Праведна е одлуката на премиерот да се почека експертизата за трагедијата во Тетово, вели Османи

од Берта Китинска

Мислам дека е најсоодветно е да се има има експертизата, да се има моралниот, етичкиот момент, политичкиот и партискиот момент, сите аспекти и да се донесе мериторна одлука.

Праведна е одлуката на премиерот кога вели сакам во комплетирањето на оваа прашање да имам објективна експертиза од страна на странски експерти. Според закон, оставките се поднесуваат до премиерот, потоа ако тој ги прифати ги поднесува до Собранието и како мандатат и премиер кој штоја предлага Владата, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Тој истакна дека пожарот во Тетово е тешка трагедија и не смееше да се случи.

– Државата мора да гарантира дека институциите кои сама ги менаџира дека ќе им овозможат на граѓаните кога ќе дојдат во болниците да се лекуваат и да заминат излечени, а не да загинат во болниците. Не смееме да дозволиме површинска анализа и носење брзоплети одлуки за добивање на помалку и повеќе политички поени. Оваа трагедија треба да се искористи за сериозна анализа и на здравствениот систем и на владиниот систем, за да се донесат одлуки кои ќе спречат за ова никогаш повеќе да не се случи. Затоа не навлегувам во политичка анализа на ова прашање бидејќи е преголем и ги надминува политичките и изборните интереси и рамки, смета Османи.

Тој истакна дека одлуката дали ќе се прифатат оставките мора да ја содржи и објективната експертиза, во спротивно таа ќе биде само политикантство.

Слични содржини