Актуелно
Почетна / Слајдер / Правеле журка до 4 сабајле: Пијани браќа нападнале полицајци кои интервенирале по пријава за гласна музика

Правеле журка до 4 сабајле: Пијани браќа нападнале полицајци кои интервенирале по пријава за гласна музика

Двајца браќа во алкохолизирана состојба нападнале полицајци кои интервенирале во нивниот дом во Кучевиште, по поплака за гласна музика, соопшти МВР.

Според информациите на полицијата, утринава во 04, во полиција било пријавено дека се слуша гласна музика од една куќа во селото Кучевиште, близу црквата Свети Спас.

„Во тек на постапување на двајца полициски службеници по претходно пријавена поплака за гласна музика во село Кучевиште, скопско на ул. 4  во близина на црквата Св.Спас, во семејната куќа на лицата Љ.К. и В.К., полициските службеници физички биле нападнати од двете лица- браќа, кои биле во видно алкохолизирана состојба“, се наведува во соопштението.

Напаѓачите избегале, но набргу биле пронајдени и приведени во Полициската станица Чаир.По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
loading...