Правилата на Берлускони за привлекување играчи: Без тетоважи, долга коса и брада…

од Vladimir Zorba

Сопственикот на Монца, Силвио Берлускони, на крајот на мај изјави дека по историскиот пласман во Серија „А“ сака да ја освои титулата шампион на Италија и Лигата на шампионите. Монца од следната сезона ќе игра во елитното италијанско првенство, а за тоа се подготвуваат Берлускони и неговиот верен соработник Адријано Галијани. Познатото дуо лидери веќе создава стабилен прволигаш, но не каков било тим.

Берлускони воведе правила кои мора да ги исполнат играчите кои планира да ги купи, пишува ESPN. Тука се:

– Мора да е Италијанец
– не смее да има тетоважи, обетки и пирсови
– не смее да има долга брада
– мора да има уредна и кратка фризура

Шефот на Монца ангажирал клупски фризер кој бесплатно ги средува фризурите и брадите на сите играчи во клубот.

„Тутоспорт“ пишува дека Монца е заинтересирана за Един Џеко, но напаѓачот од БиХ веќе не го исполнува првиот услов.

Сепак, на Монца и е потребна голема ѕвезда и Италијанците сметаат дека Берлускони би можел да направи некои отстапки.

Слични содржини