Право и правда го поддржа Дуда повторно да се кандидира за претседател на Полска

од Vladimir Zorba

Полската владејачка партија Право и правда го поддржа претседателот Анджеј Дуда повторно да се кандидира за претседател на изборите кои ќе се одржат на 10 мај.

На конвенција во Варшава на која почна кампањата за избор на Дуда за втор петгодишен мандат како претседател, лидерот на партијата Јарослав Качински рече дека Дуда е „кандидат од соништа“ и чувар на полскиот Устав.

Дуда, како поранешен член на партијата Право и правда, ги поддржуваше популистичките политики на владејачката партија, вклучително и измените во правосудниот систем кои предизвикаа осуда од страна на ЕУ.

Слични содржини