Православните верници денеска го слават Свети Јован

Свети Јован Крстител го преткажал Христовото доаѓање и го крстил Исус Христос во реката Јордан.

Свети Јован, според преданијата, живеел едноставен и аскетски живот, хранејќи се со инсекти и мед од диви пчели, а се облекувал во наметки и фустани од влакно од камила. Во реката Јордан го крштевал секој кој ќе се покаел.

Отсечена му е главата по налог на римскиот управител, Ирод Антипе во време на проектератот над Палестина.

Верниците многу често го даваат името Јован на своите деца и кај православните и кај католиците. Православните слават и куќна слава Свети Јован, а католиците најчесто слават именден.

Слични содржини