Празничен колач со суво овошје и прекрасен мирис

од Elena Daskalova

Празничниот период започна, а со тоа доаѓа и нашата желба за зимските вкусови на јатки, сушено овошје и цимет и ѓумбир.

Овој рецепт сигурно ќе го подобри вашето расположение и ќе направи да се чувствувате еуфорично и празнично.

Потребни состојки:

150 грама лешници
125 грама суви смокви
200 грама светло суво грозје
3 јајца
4 лажици шеќер
малку арома на ванила
0,5 децилитри рум
малку цимет
5 лажици интегрално брашно
2 лажици густин
една лажичка сода бикарбона
100 грама бадеми раздвоени на листови
50 грама кандирани цреши
100 грама други кандирани овошја

Подготовка:

Искршете ги лешниците, исечкајте ги сувите смокви, па додадете го сувото грозје, бадемите и исецканото кандирано овошје. Посипете со малку брашно и мешајте.

Остатокот од брашното измешајте го со густинот и со сода бикарбона. Во друг сад изматете јајца со шеќер, ванила и цимет. Потоа долејте рум, па додавајте малку по малку од мешавината со брашно.

На крај додадете ги кандираните и сувите овошја. Со лажица ставајте ја смесата во претходно намастен и набрашнет калап за куглоф или врз хартија за печење доколку печете во правоаголен сад.

Печете на 160 степени, со вклучена вентилација во рерната. Се пече 40-45 минути. Сечете тенки парчиња, бидејќи многу заситува.

Слични содржини