ПРАЗНИЧНО ПОСКАПУВАЊЕ: Зелена салата 40 денари, табла јајца од 150 до 210 денари…

од Берта Китинска

Традиционално пред секој верски празник пpазарџиите ги билдаат цените. И за овој Велигден граѓаните се жалат дека цените повторно се високи.

За оние кои сакаат празникот да го одбележат скромно една табла јајца со „М“  големина може да ја купат за 140 до 150 денари. Додека пак цената на  поголемите јајца се движи од  200 до 210 денари.

-Секој пазари толку колку што има в џеб. Каква цена ќе ми дадат добавувачите за работа што ја зимам така и ја менувам од ден во ден, вели Љупчо кој има продавница за зеленчук во Кисела Вода.

Практика стана да се поскауваат одредени намирници во пресрет на празниците, вели Ѓорѓи Стојковски пензионер кој се пожали дека цените на зеленчукот како и на месото се изгор.

Низ пазарите и продавниците состојбата е ваква:

Краставиците се продаваат по цена од 70 до 110 денари за килограм. Китка млад лук  и млад кромид кој само до пред неколку дена можеше да се купи по 10 до 15 денари за парче сега е 20 денари. Зелената салата од 20 денари скокна на 40 денари. Младата зелка е околу 60 денари килограм, а младиот компир од 80 до 120 денари за килограм. Доматите се продаваат по цена од 110 до 150 денари за килограм.

Цена на јагодите е од 100 до 150 денари за килограм. Лимонот, портокалот и бананите чина околу 60 денари килограм, додека пак јаболкото се продава за 35 до 55 денари.

 

Слични содржини