Пред 29 години: На 8 Септември плоштадот беше преполн со луѓе од чии лица бликаше радост

од Берта Китинска

Северна  Македонија денеска одбележува 29 години од референдумот на кој граѓаните се изјаснија за самостојна и суверена држава.

Убедливото мнозинство од над 95 проценти од граѓаните кои излегоа да гласаат на 8 септември 1991 година, позитивно одговорија на прашањето „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија?“

По затворањето на избирачките места, граѓаните се упатија кон плоштадот Македонија, кој дотогаш го носеше името Маршал Тито, во центарот на Скопје, каде Македонското радио организираше свеченост насловена „Глас за Македонија“ со настап на стотина музички ѕвезди. Меѓу настапите на уметниците пред насобраните граѓани се читаа извештаите кои општинските изборни одбори ги доставуваа до Републичката комисија за спроведување на референдумот.

Слични содржини