Пред акцијата, полицијата уапсила лице кое се барало за издржување на затворска казна

од Aleksandar Todeski

Пред големата акција која со почеток во 5 часот утрово ја спроведе Министерството за внатрешни работи, а во која беа уапсени десет лица, уапсени биле уште две лица, едно кое се барало за издржување на затворска казна и уште едно кај кое биле пронајдени 1,5 килограми марихуана.

„Исто така, при преземање на дополнителни мерки и активности, пред започнување на акцијата, на 06.12.2019 во 21.20 часот на ул.„Јадранска Магистрала“ од слобода е лишено лицето И.С.(27) од с.Крушопек, за кое е утврдено дека се бара по централна потерница по член 215 од Кривичниот законик за издржување на казна затвор. Воедно, во текот на вечерта од полициски службеници е пронајден, лишен од слобода и предаден во притвор лицето С.И.(27) од Скопје, кај кого претходно, во неговиот дом на ул.„Македонска преродба“ се пронајдени 1,5 килограми марихуана“, велат од МВР.

Од таму велат дека активностите во борбата против тешки кривични дела со елементи на насилство ќе продолжат и во иднина, со поголем интензитет и зајакнати мерки.

Слични содржини