Пред да се породи, Меган Маркл ќе објави книга

од Vladimir Zorba

Меган Маркл (39), војвотката од Сасекс, во јуни ќе објави книга за деца наречена „The Bench“ (Клупата) за односот татко-син, објави во вторникот издавачот „Random House“. Книгата е најновиот потфат на Меган Маркл и нејзиниот сопруг принцот Хари, внук на кралицата Елизабета, откако минатата година се повлекоа од кралските должности и заедно со нивниот син Арчи се преселија во Лос Анџелес.

Детската книга, инспирирана од Хари и Арчи, илустрирана од уметникот Кристијан Робинсон, ќе излезе на 8 јуни, а Меган ќе го даде својот глас за аудио-верзијата на книгата, рече издавачот.

„The Bench“ настана како песна што ја напишав за мојот сопруг на Денот на татковците, еден месец по раѓањето на Арчи. Таа песна стана оваа приказна“, рече војвотката.

„Се надевам дека „The Bench“ ќе одекне во секое семејство, без оглед на составот, како што тоа се случи во моето семејство“.

Меган, која во моментов е во одмината фаза на бременост и носи девојче, не беше на погребот на сопругот на кралицата Елизабета, принцот Филип, одржан минатиот месец. По совет на лекар, таа остана во Калифорнија каде чекаше нејзиниот сопруг Хари (36) да се врати од Велика Британија.

Слични содржини