Пред парламентот законот за зеленило, нотаријатот и спогодба со Косово

од Vladimir Zorba

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи 85-тата седница на чиј дневен ред се предлог законите за извршување, за нотаријатот, како и за изменување и дополнување на Законот за матичната евиденција, трите во прво читање.собрание сала

Пратениците треба да ги разгледаат и предлог законите за ратификација на Договорот за економска соработка со Владата на Социјалистичка Република Виетнам и за ратификација на Спогодбата со Владата на Република Косово за соработка во областа на образованието и науката.

На дневниот ред се и Предлог законот за урбано зеленило, во прво читање, поднесен од пратениците Лилјана Поповска,Павле Трајанов, Солза Грчева, Љубица Буралиева и Роза Топузова Каревска,  предлог законите за изменување и дополнување на Законот за буџетите и  на Законот за јавен долг, поднесени од опозицијата, како и Предлог законот за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатијата со општествена и државна сопственост, исто така, поднесен од опозицијата.

На седницата се и уште 70-тина законски решенија во прво и второ читање и по скратена постапка

Слични содржини