Предавање „Илјада маргини“ на Артан Садику вечерва на КРИК

од Vladimir Zorba

Годинашниот КРИК – фестивал за критичка култура продолжува вечерва во 20 часот, во Чифте амам со предавањето насловено „Илјада маргини“ на Артан Садику, истражувач, истражувач, теоретичар и активист кој има докторат по филозофија. Негови примарни научни интереси се теориите на субјектот, феминизмот, радикалните практики во политиката и уметноста. Садику во своето предавање ќе ги истражува можностите за надминување на предизвиците преку идејата на маргините/ маргиналноста. Тој предлага да се приближиме кон маргините и наместо револуционерни практики да развиваме маргинални мисли.

Денеска се одржува и семинарот „Естетичко образование наназад: политички ќорсокаци на сегашноста со Нејтан Браун, професор од Монтреал, Канада. Политичките случувања покажуваат перверзна, но, сепак, предвидлива врска помеѓу реакцијата и реакцијата-на-реакцијата. Семинарот во фокусот го има разгледувањето на тоа како општествената структура и историските ќорсокаци на ваквата релација можат да се анализираат и да се адресираат како ефекти од политичко-економските контрадикции.

Синоќа, пред публиката во Чифте амам се обратија Искра Гешоска и Артан Садику, програмски уредници на фестивалот.

„КРИК – фестивалот за критичка култура, годинава се одвива како процес и тоа беше нашиот сон уште од почетокот, бидејќи веруваме дека критичката култура може да постои и се развива само низ процеси и подолготрајни поврзувања и навики, коишто ќе бидат будни цело време за она што се случува во општеството, но и едновремено ќе му опонираат доколку тоа општество предизвикува незадоволство“, рече Гешоска.

За темата на годинашниот фестивал „Човек без својства – политики на маргините“, која потекнува од книгата на Музил, беше речено:
„Во светот во кој денес живееме има две тенденции: прогресивни кои се трудат да влезат во општеството и да ја променат централизираноста и да ја внесат инклузивноста во општеството. Од друга страна, гледаме тенденција за ретрадиционализација, враќање на национализмот, религиозноста како прилично доминантни идентитески преференци и пракси во нашето општество, не само во Македонија туку и во цла Европа и тие две струи се интересни да се разгледаат. Нашата појдовна точка, годинава, е контра тие струи, сакаме да му додадеме позитивни својства на немањето својства и на каква било форма на стабилизирање на идентитетот, кој станува авторитарен. Оде друга трана сакаме да ги истражиме потенцијалните политики и правци кои се на маргините на централните идеи на општеството“, рече Садику.

Во рамки на програмата на КРИК 04, Нејтан Браун го одржа предавањето „Празнината темнината и соголеноста: засновани врз детерминантите во Цвеќињата на злото“, преку книжевноста, го анализираше политичкото. Поврзувајќи ја темата на фестивалот, со својата студија на Бодлер, тој го постави прашањето за разликата помеѓу тоа да се биде детерминиран или да се детрминира. Преку разновидни теми, концепти и форми, Les Fleurs du Mal (Цвеќињата на злото) постојано се занимава со детерминирањето на проблемот: во фокус е тензијата која се создава помеѓу тоа да се биде едновремено утврден и детерминирањето кое произведува субјективна желба и поетска конструкција.

„Денес пропадна квалитативното одредување и на некој начин, она што го зборуваше Музил пропадна заради вишокот на искуството. Да не се прави ништо е исто како да се прави сè. Вишокот на квантитет го заменува недостигот на квалитет“, рече Браун.

„Театарот на мртвите на Жене“ е насловот на второто предавање кое го одржа американскиот писаел и филозоф Арон Шустер. Тој преку анализа на претставата „Балкон“ од Жене поставена во 1956 годна, анализираше неколку одредувачки тенденции на современиот свет, особено моќта. Театарот на Жан Жене е еден од највеличествените политички театри на дваесетиот век, иако тој самиот ги нарекува своите претстави „имплицитно политички“ и често јасно и прецизно го одредува нивното политичко значење. Така, Шустeр зборуваше за појавата на „осамениот“ и „фаталниот“ политички субјективитет во светло на современата политика.

„Зборувајќи за современиот американски контекст, наспроти жалбите на либералите да не се нормализира Трамп, напротив, парадоксланиот театар на Жене веројатно би го отсликал Трамп како темпераментно дете, наспроти идејата дека капиталистичката демократија ја водат возрасни луѓе“, рече Шустер.

Утре (22 јуни) на програмата Критичко читање низ филмови, во кафе кино Котур, со почеток во 19,30 часот ќе биде прикажан филмот „Segunda Vez“ (Втор пат) [2018] во режија на Дора Гарсија

Слични содржини