Предизборна анкета: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ води со 17% пред коалицијата на СДСМ

од Nikola Popovski
645 прегледи

Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е во убедливо водство со 27,2 %, додека коалицијата предводена од СДСМ би освоиле 10,7 отсто од гласачите, покажува телефонската анкета од агенцијата Маркет вижн, по нарачка на редакцијата на МКД.мк.

Според анкетата, после двете најголеми партии во земјава, најголема поддршка имаат ДУИ – 8,7%, коалицијата Вреди 7,7%, ЗНАМ 5,5%, Левица 5,3%…

На прашањата за тоа во кој политичар веруваат и во кој лидер на политичките партии имаат најголема доверба, според одговорите на испитаниците на двете листи на прво место е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. На прашањето „постои ли политичар на кој целосно му верувате“, Мицкоски добил поддршка од 25,1%, Али Ахмети 11,6, а трет е Максим Димитриевски со 8,9%. Лидерот на СДСМ е на седмото место од политичарите во земјава со моментална поддршка од 5,6%.

Анкетирањето беше спроведено од 15 до 24 март со употреба на CATI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници (статистичка грешка: 3%; интервал на доверба: 99%).

Слични содржини