Предизвикуваат надуеност и грчеви: Што не треба да јадете пред да пливате?

од Stefanija Kuzmanovska

Едно од најважните летни правила е да не влегувате во вода најмалку половина час после јадење. Но, исто така е важно да знаеме што не треба да јадеме пред да пливаме…

Што не треба да се јаде пред пливање?

Зачинета храна е опасна бидејќи телото е претежно во хоризонтална положба додека плива, па може да се појави киселина, а зачинетата храна може да го влоши проблемот уште повеќе. Затоа, не консумирајте зачинета храна пред пливање.

Овошните сокови и газираните пијалоци можат да предизвикаат надуеност и грчеви.

Алкохолот ја намалува можноста за брза реакција и проценка, а тоа може да биде опасно при пливање.

Исто така, не јадете леќа, грав или грашок затоа што содржат многу растителни влакна, што е добро за здравјето, но може да предизвика надуеност, запек и грчеви, а тоа може да ви го расипе уживањето.

Енергетските пијалоци предизвикуваат дијареја или гадење и доведуваат до дехидрација.

Слични содржини