ПРЕДИЗВИКУВАЛ ПРОБЛЕМИ: Кинески милијардер осуден на 18 години затвор

од Vladimir Zorba

Кинескиот милијардер, одгледувач свињи и земјоделски магнат Сун Даву е осуден на 18 години затвор по повеќенеделни тајни сослушувања и парична казна од 3,11 милиони јуани (345.000 фунти) за низа кривични дела, вклучително и „предизвикување проблеми“.

Набудувачите, сепак, тврдат дека целиот случај е политички мотивиран.

Судот во кинескиот град Гаобеидијан, во близина на Пекинг, вели дека Сун е осуден за злосторства како што се „собирање група луѓе за напад врз владини агенции“, „опструкција на владата“ и „предизвикување спорови и предизвикување проблеми“, што се општи поими, кои често се користат против активисти за човекови права и неистомисленици, пренесува британски „Гардијан“.

Сун, отворен критичар на владата во Пекинг, беше уапсен на 11 ноември, заедно со повеќе од 20 луѓе, меѓу кои и неговата сопруга, два сина и снаата.

Групите за човекови права тврдат дека обвинението е очигледна одмазда за долгорочната поддршка на Сун и неговото пријателство со неистомислениците на властите во Пекинг, пренесува Танјуг.

Сан, кој наполни 67 години овој месец, е поранешен одгледувач на свињи, основач на „Даву група за одгледување на животни и сточарство“.

Слични содржини