Предлог за денешниот ручек: Тестенини во сос од печурки

од Vladimir Zorba

Лесни за подготовка и многу вкусни тестенини со печурки.

Состојки (за 4 лица):

– 400 гр тестенини

– 1/2 главица лук

– 500 гр свежи печурки

– 500 мл крем за готвење, по желба може и помалку

– 1 лажичка сув билен зачин

– магдонос по вкус

Подготовка:

Сварете ги тестенините во солена вода.

Додека се варат тестенините, исечете ги шампињоните на ленти, а лукот и магдоносот исечкајте ги што помали.

Загрејте го маслото и пропржете ги печурките, па додадете го лукот и пропржете уште малку. Потоа додадете го кремот за готвење, па сè заедно сварете.

Павлаката додавајте ја по малку, за да не биде многу ретка. Зачинете по вкус.

Додадете магдонос и измешајте. Кога сосот ќе биде со саканата густина, додадете ги сварените тестенини, па мешајте додека се убаво се соедини.

Истурете во чинии и послужете веднаш.

На здравје!

Слични содржини