Предлог за нов референдум за излез на Британија од ЕУ

од Vladimir Zorba

Претставник на Конзервативната партија на премиерката Тереза Меј поднесе предлог за одржување нов референдум за излез на Велика Британија од ЕУ во парламентарна процедура.

Предлогот на Доминик Грив, кој претходно повикуваше на втор референдум, најверојатно нема да успее, бидејќи му треба поддршка од Владата, а Меј се противи на ново изјаснување на гласачите.

Симболичното поднесување на предлогот помина без расправа. Беше образложен како „предлог со кој ќе се овозможат подготовки за референдум за идните односи на Велика Британија и ЕУ“.

Слични содржини