Предлог за појадок: Пецива со два вида сирење

од Stefanija Kuzmanovska

Состојки:

– 600 гр брашно

– 250 мл млеко

– 80 мл масло

– 160 гр јогурт

– 1 кесичка квасец

– 1 лажица шеќер

За полнење:

– 200 гр фета сирење

– 100 гр моцарела

– 2 лажици кисела павлака

– по желба малку магдонос

За премачкување:

– 1 жолчка од јајце

– малку млеко

Подготовка:

Додадете квасец и сол во брашното и добро измешајте. Додадете ги течните состојки, млекото (да биде млако) и убаво измешајте. Оставете го да отстои на топло место 30 минути.

Скршете го сирењето, па додадете ја павлаката, магдоносот по вкус и моцарелата исечкана на помали коцки. Добро измешајте и зачинете со сол и бибер.

Подгответе плех обложен со хартија за печење.

Расукајте го тестото на малку брашно и поделете го на осум до 10 дела. Секој дел развлечете го, наполнете го и завиткајте го по должина.

Завиткајте во форма на полжав и малку притиснете го работ. Ставете ги на плех и оставете ги да отстојат околу 20 минути.

Вклучете ја рерната да се загрее на 190 степени.

Секое пециво премачкајте го со мешавина од жолчка од јајце и млеко, посипете со сусам и печете додека не порумени, околу 20 до 25 минути.

Слични содржини