Утре на владина седница ќе се разгледува предлогот за награда на лекарите од 30 денари по вакциниран пациент, информираше денеска министерот за здравство Венко Филипче

-Имаше реакција од поголем број на матични лекари кои ја поддржуваат оваа мерка, сметаат дека е навистина добра, сметаат дека една таква стимулација може добро да им дојде, вели Филипче.

Тој пред неколку дена кажа дека овој финансиски ќе се стимулираат докторите.

-Истражувавме и изминативе два-три дена и ќе предложиме една нова мерка до Владата, а тоа е посебна стимулација за матичните лекари. Односно, матичните лекари да бидат финансиски стимулирани кога ќе надминат 70 проценти на вакцинација од вкупниот број на прикрепени пациенти да бидат наградени со 30 денари по пациент од вкупниот број пациенти кои се запишани кај нив. Има уште некои аспекти кои тука треба да се разгледаат, но мислам дека тоа е предлогот со кој ќе настапиме во вторник пред Влада, истакна министерот.

Слични содржини