Актуелно
Почетна / Сцена / Предложен 30-дневен притвор за Тијана Ајфон: Се бара и нејзина итна здравствена проверка

Предложен 30-дневен притвор за Тијана Ајфон: Се бара и нејзина итна здравствена проверка

Обвинителството на БиХ ќе испрати предлог до Судот на БиХ за одредување мерка притвор во траење од 30 дена за седуммина осомничени кои беа уапсени пред два дена во операцијата „Кристал“ во околината на Бијелина, пренесува АТВ.

Обвинителството предложи мерка притвор за Златан Ч. (31), Милисава Т. (29), Жељка В. (36) од Бјелина, Синиша П. (34) од Тузла,  Драгана К. (28) од Сараево, Срѓана Ш. (24) од Братунац и Тијана Максимовиќ (28) од Рума, која во јавноста е позната како Тијана Ајфон.

Лицата уапсени во полициската акција со кодно име „Кристал“ се осомничени за кривични дела здружувања за сторени кривични дела меѓународно вработување за проституција, криумчарење лица, овозможување употреба на наркотици и неовластено поседување оружје и муниција.

„Со оглед дека за време на истрагата е утврдено дека српски државјанки, како и дел од осомничените, влеголе нелегално во Босна и Херцеговина, без почитување на заштитни мерки против пандемијата на Ковид 19, побарана е здравствена проверка на лицата лишени од слобода, соопштуваат од Обвинителството.

loading...