Предлозите на МАСИТ значително покриени во 4 сет на предлог економски мерки на Владата

од Aleksandar Petrovski

Во петокот во Владата беа презентирани четвртиот сет на предлог мерки за помош и поддршка на бизнис заедницата која е значително оштетена од корона вирус кризата.

Во овој сет на мерки, ИКТ индустријата и заложбите на МАСИТ значително покриени:
-Од 01.01.2021 година пресметката за персонален данок почнува скалесто да опаѓа од 10% на 0% до крајот на 2023
-Засметување на трошокот за приватно здравствено осигурување како признаен расход, валидно од 01.01.2021
-За признаени расходи ќе се сметаат голем дел од трошоците поврзани со развој на работна сила и тоа ИКТ тренинзи и сертификати, лиценци, курсеви за преквалификација и доквалификација на кадар, валидно од 01 01.2021
-За признаен расход ќе се смета и трошокот за тим билдинг, валидно од 01.01.2021
-Остануваат на сила мерките за субвенции на плата, одложено плаќање на ДДВ, без каматни кредити за оштетени компании и многу други

Следен чекор е предлог четвртиот сет на мерки да бидат усвоени од страна на Парламентот следната недела со цел дел од нив да стапат на сила од 01.10.2020 година.

МАСИТ продолжува да се бори за подобра бизнис клима за раст и развој на ИКТ секторот, се вели во соопштението на МАСИТ.

Слични содржини