ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ НА ПУТИН: Ќе има тешки последици доколку се ограничи цената на руската нафта

од Vladimir Zorba

РУСКИОТ претседател Владимир Путин во телефонски разговор со ирачкиот премиер Мохамед Судани истакна дека може да има сериозни негативни последици за глобалниот енергетски пазар поради обидите на западните земји да воведат ограничувања на цената на руската нафта.

– Двете страни дадоа позитивна оценка за работата на Русија и Ирак во рамките на ОПЕК+, што овозможува да се обезбеди стабилност на светскиот пазар на нафта – соопшти прес-службата на Кремљ.

– Се разговараше за обидите на голем број западни земји да воведат ценовни ограничувања на нафтените суровини од Русија. Владимир Путин нагласи дека ваквите постапки се спротивни на принципите на пазарните односи и постои голема веројатност да доведат до сериозни последици за глобалниот енергетски пазар – се наведува во соопштението.

Слични содржини