Предупредувачки протест за повисоки плати на вработените во УЈП

од Nikola Popovski

Вработените во Управата за јавни приходи (УЈП) и во регионалните канцеларии на УЈП денеска излегоаа на предупредувачки протест од 10.00 до 11.30 часот. Претседателот на синдикалната организација во регионалната подружница на УЈП-Штип од синдикатот „Солидарност“, Сашко Велковски вели дека протестот е за повисока плата согласно Колективниот договор. Вработените во УЈП бараат повисоки плати за 30%.

-Овој прекин на работа е само еден жолт картон на раководството во Министерството за финансии и покрај тоа што преговорите што ги имавме во изминатиот период никако да ни ги одобрат нашите барања што ни следуваат согласно Закон, вели Велковски.

Слични содржини