ПРЕДУПРЕДУВАЊА ПОСЛЕ ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО НОВ ЗЕЛАНД: Kолкави бранови може да се очекуваат поради цунамито?

од Nikola Popovski

Триметарски цунами се можни на североисточниот брег на Нов Зеланд како резултат на разорниот земјотрес со јачина од осум степени.

Предупредувањето е издадено по силниот земјотрес чиј епицентар беше во близина на островот Кермадек, со јачина од 8 степени.

Според телевизијата „Disclouse“, можни се бранови од три метри.

Цивилната заштита на Нов Зеланд ги повика сите локални жители на целиот брег на земјата, доколку почувствуваат силен земјотрес подолго од една минута, да одат на повисоките делови од земјата или што е можно подлабоко на копното.

За некои делови на крајбрежјето на североистокот од земјата е наредена итна евакуација.

Исто така издадено е предупредување за цунами на Хаваите и американската Самоа во врска со земјотресот во Пацификот кај Нов Зеланд.

Слични содржини