ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ НА СЗО: Немаме пари за да се бориме против пандемијата

од Vladimir Zorba

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди на недоволно средства што им се на располагање во борбата против пандемијата предизвикана од коронавирус и истакна дека добила само 10 проценти од потребните средства.

Директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, изјави дека потребни се повеќе од 100 милијарди долари само за вакцини.

– Иако сме благодарни за оние што дадоа свој придонес, имаме само 10 проценти од средствата што ни се потребни. Ќе ни требаат над 100 милијарди долари само за вакцини. Ова звучи како многу пари и тоа се. Но, тоа е малку во споредба со 10-те трилиони долари (1 трилион = 1.000 милијарди долари) што земјите од Г-20 веќе ги вложиле во фискалниот стимул за да се справат со последиците досега од пандемијата“, објасни директорот на СЗО.

Говорејќи за меѓународната иницијатива за обезбедување подобар пристап до здравствената заштита, тој рече дека следните три недели се клучни и ја истакна потребата од зголемување на финансирањето за борба против Ковид 19.

„Никогаш не е доцна да се смени текот на пандемијата“, рече Гебрејесус.

Слични содржини