Предупредување од Централната банка на Русија: Не купувајте криптовалути

од Vladimir Zorba

Руската централна банка предупреди дека инвестирањето во нестабилни дигитални валути може да доведе до „огромни“ загуби.

Руската централна банка ги предупреди инвеститорите да бидат внимателни со ризичните инвестиции.

Во интервју за весникот „Комсомолска правда“, Елвира Набиулина, гувернер на Централната банка на Русија, тврди дека вложувањето во било кој вид валута е секогаш ризично.

„Загубата на девизниот пазар е многу поизвесна од профитот“, рече таа.

„Најопасната од сите стратегии е, се разбира, шпекулативната крипто валута. Цените се многу непостојани, а загубите можат да бидат огромни“, рече гувернерот на руската банка.

Крипто пазарот, во кој вредностите на одредени валути, како што е биткоинот, се искачија на невидени височини, помина низ бурен период што доведе до пад на вредноста, што донесе големи загуби за многу инвеститори, пренесе „РТ“.

Во мај, 15% од вредноста на Биткоин исчезна преку ноќ откако претприемачот Елон Маск рече дека неговата компанија за електрични автомобили „Тесла“ повеќе нема да прифаќа биткоин за трансакции.

Потоа, за време на викендот, инвеститорите се соочија со дополнителни загуби од 200 милијарди долари, а аналитичарите предупредија дека драматичниот пад на вредноста може да продолжи.
Останатите криптовалути, вклучително и Етереум, исто така забележаа пад на вредноста.

Вредноста на криптовалутите може значително да влијае на одлуката на кинеската централна банка да им забрани на банките да нудат финансиски услуги што можат да се користат за трговија со криптовалути.

Слични содржини