Прегазен малолетник во скопско, со тешки повреди пренесен на Клиника

од Берта Китинска

На 01.09.2021 во 17.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Рашче-с.Долно Свиларе, скопско, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К.(24) од с.Рашче, удрило во малолетен пешак од с.Долно Свиларе, велат од полиција.

Според пријавеното, во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Слични содржини