Прегазен моторциклист во Скопје

од Берта Китинска

На 22.07.2021 во 17.40 часот било пријавено дека во Скопје на ул.„Ферид Мурати” се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф”, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.И.(30) од Скопје и мопед „баотиан”, со скопски регистарски ознаки, управуван од А.А.(44) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски”. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Слични содржини