Во две одделни сообраќајки во неделата загина пешак на автопат, а било удрено и дете.

Околу 20:55 часот на автопатот „Мајка Тереза“ во атар на село Буковиќ, А.А.(23) од Скопје управувајќи патничко моторно возило „Ауди А4“ со скопски регистарски ознаки удрил во пешакот Б.И.(53) од село Буковиќ, скопско.

Во незгодата пешакот од здобиените повреди починал на местото на настанот. Извршен е увид.

Истиот ден, околу 7:30 часот во село Доброшино, Општина Василево на нива, додека С.Д., бил со запрежно возило, а позади него Д.Д. со својот четиригодишен син се движеле пеш, во еден момент запрежното возило се вратило назад, при што го повредило детето.

Тоа е пренесено во Комплекс клиники “Мајка Тереза” во Скопје каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Слични содржини