Прегазен полицаец додека обезбедувал место на претходно случена сообраќајка

од Nikola Popovski

МВР се произнесе со детали за вчерашната сообраќајна несреќа во близина на Канал 5 телевизија.

„Вчера околу 21.15 часот на ул.„Скупи“ во Скопје, додека двајца полициски службеници извршувале службени дејствија, обезбедувајќи претходно случена сообраќајна незгода меѓу две возила, едниот од нив бил удрен од патничко моторно возило „пежо“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(53) од Скопје, при што се здобил со повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, соопштуваат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје, а М.Ј. бил лишен од слобода и приведен во Полициската станица Карпош.

Слични содржини