Прегазен полицаец на булевар „Борис Трајковски“ при обид да сопре возило за брзо возење

од Aleksandar Petrovski
Полициски службеник синоќа е пренесен во скопските клиники, откако бил прегазен од автомобил додека ги извршувал службените дејствија.
„На 26.09.2020 во Скопје, полициски службеници ги лишиле од слобода А.Д.(19) и К.М.(21), двајцата од Скопје, затоа што околу 01.00 часот на бул.„Борис Трајковски“ со возило „цитроен берлинго“, кое го управувал А.Д., а сопатник бил К.М., удриле и повредиле полициски службеник кој извршувал службени дејствија во областа на сообраќајот (мерење со радар), по што побегнале од местото. По преземени мерки тие биле пронајдени и приведени во полициска станица. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок. Повредениот полициски службеник бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид извршила екипа од СВР Скопје“, велат од МВР.
loading...

Слични содржини