Прегазен уште еден пешак на патиштата низ Македонија

од Nikola Popovski

Нов трагичен настан во сообраќајот се случи откако бил прегазен пешак во струшкото село Враништа, информираат од полицијата.

Синоќа околу 21.35 часот во ОВР Струга било пријавено дека на регионален пат во с.Враништа, струшко, патничко моторно возило „фолксваген пасат” со струшки регистарски ознаки, управувано од А.Р.(18) од Струга, удрило во Н.П.(54) од Струга.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот и бил пренесен во болницата „Св.Еразмо” во Охрид, каде што подоцна починал. Увид на местото извршила екипа на ОВР Струга, соопштија од МВР.

Слични содржини