Прегазен велосипедист во Прилеп

од Milan1

Вчера во 07.45 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Александар Македонски” во Прилеп, патничко возило „фолксваген пасат”, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.П.(57) удрило во велосипедист П.Т.(65), и двајцата  од Прилеп.

Во несреќата, П.Т се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската болница Прилеп. Увид извршила увидна екипа на полициската станица Прилеп, информираат од МВР.

Слични содржини