Прегазени неколку пешаци во текот на вчерашниот ден

од Milan1

Вчера околу 19.40 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Страшко Симонов” во Куманово, патничко возило  „рено меган”, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.А. (36) од с.Черкези, кумановско, удрило во пешакот Ш.О.(41) од Куманово. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Куманово. Екипа на СВР Куманово извршила увид.

Исто така вчера во 23.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„12. Македонска бригада”, пред крстосница со ул.„Архитект Сотир Томовски” во Скопје, патничко  возило „мерцедес”, со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Д.(50) од Скопје, удрило во пешакот С.К.(23) од Скопје. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски”. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 06.12.2021 во 16.00 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека на ул.„Илинденска” во Крива Паланка, патничко возило „фолксваген голф”, со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од С.С.(44)  од Крива Паланка удрило во пешакот С.М.(45) од Крива Паланка. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Здравствен дом Крива Паланка. Увид извршила екипа од ОВР Крива Паланка.

Слични содржини