Повеќе од пет часа трае заедничката средба на лидерите на четирите политички партии со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан и европратениците Едвард Кукан, Иво Вајгл и Ричард Ховит, а најавената прес-конференција  за исходот од разговорите е одложена неколкупати. Запнаа и  напнаа и преговарачите и посредниците.28.05.joh_han

Заедничката средба за договор за излез од политичката криза во земјава на лидерите со Хан и пратениците на ЕП почна околу 17 часот.

Еврокомесарот и тројцата пратеници на ЕП ги започнаа разговорите со лидерите на партиите претпладнето. Најнапред во мисијата на ЕУ во Скопје тие се сретнаа со Ахмети и Тачи, а потоа во резиденцијата на ЕУ имаа  одвоени средби со лидерите на СДСМ и на ВМРО, Заев и Груевски.

Ахмети на средбата што е во тек е придружуван од пратеникот Артан Груби, Тачи од Имер Алиу, Груевски од министерот за надворешни работи Никола Попоски, министерот за здравство Никола Тодоров, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, а попладне им се приклучи и координаторот на пратеничката група Илија Димовски. Зоран Заев на средбите присуствува придружуван од Рената Десковска и Радмила Шекеринска. На средбите присуствуваат и амбасадорите на ЕУ и на САД во Македонија Аиво Орав и Џес Белји.лидери

Еврокомесарот Хан и пратениците на ЕП дојдоа на денешните разговори во Скопје по неуспехот на преговорите за излез од политичката криза меѓу лидерите на четирите најголеми политички партии во земјата.

Основа за постигнување конечен договор, како што велат од ЕК, е договорената рамка од 2-ри јуни што предвидува итни реформи во неколку области, формирање на преодна влада и повлекување на Груевски ( најмалку 5-6 според СДСМ или 3 според ВМРО ДПМНЕ), пред избори и дури потоа по владата   може одржување  на вонредни парламентарни избори . Со оглед на пробиените рокови , сега се спори околу датумот за изборите да бидат во јуни а не во  април. Сепак најспорно е повлекувањето на Груевски од владата пред оддржување на изборите, за кое Груевски најмногу се бори. За другите работи горе-долу има компромисно решение, за кое лесно ќе се испазарат власта и опозицијата.

Преговорите и натаму траат и последната најава за прес на еврокомесарот Хан која беше закажана за 21 часот  е одложена . Според учесниците на преговорите не е исклучено да се преговара и до доцна во ноќта.Еврокомесарот имал лет некаде на полноќ, и репортерите претпоставуваат дека можеби за еден час може да заврши, но не е иклучено и Хан да мора и да го пропушти летот за да има што да каже во Брисел.

Слични содржини