Состанокот на лидерите од еврозоната е прекинат на половина час заради презицирање на позициите, изјави извор од средбата, јави ТАСС.

грди

– Седницата е прекината заради одржување на серија билатерални средби и прецизирање на одделни позиции, изјави тој.

Претходно друг дипломат истакна дека Грција и останатите земји од еврозоната уште не постигнале целосна согласност за учество на Меѓународниот монетарен фонд во третата финансиска помош, на што се противи Атина.

Грција не е согласна и со предлогот да префрли државни активи во вредност од 50 милијарди евра во независен фонд во Луксембург под европски надзор. Целта на тој фонд е да го гарантира приватизирањето на програмата.

Лидерите од еврозоната сега разгледуваат компромисно решение за останување на Грција во еврозоната, изготвено синоќа на четиричасовната средба меѓу лидерите на Германија, Франција, Грција и претседателот на Европскиот совет./МИА

Слични содржини