Прекината потрагата по преживеани по земјотресот во Авганистан

од Stefanija Kuzmanovska

Властите во Авганистан денеска ја прекинаа потрагата по преживеани по земјотресот, во кој загинаа повеќе од илјада луѓе, изјави високиот талибански функционер Мохамед Насим Хакани.

Околу 10.000 куќи беа делумно или целосно уништени во земјотресот во средата во југоисточниот дел на земјата на границата со Пакистан, изјави за „Ројтерс“ Хакани, портпарол на Министерството за управување со катастрофи.

Талибанците апелираа до меѓународната заедница да испрати помош во Авганистан по разорниот земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтер, во кој загинаа повеќе од илјада луѓе, а најмалку 1.500 беа повредени.

Не е познат бројот на затрупаните во урнатините, па се стравува дека конечниот број на жртви би можел да биде многу поголем, јави Би-Би-Си.

Земјотресот ја погоди југоисточната провинција Пактика, а Обединетите нации се обидуваат на сите да им обезбедат итно засолниште и помош во храна.

Слични содржини