Прекинато судењето за „Меѓународен сојуз“, му се слоши на Миле Јовановски, таткото на Боки 13

од Берта Китинска

Судењето за „Меѓународен сојуз“  беше прекинато за половина час откако брзата помош  интервенираше откако му се влоши здравствена состојба на таткото на Боки 13, Миле Јовановски.

Обвинителката Вилма Рускоска во воведните зборови рече дека ќе докаже оти обвинетите свесно ги сториле делата и дека од почетокот оваа организација е темелена на лаги, за да им се извлечат пари на бизнисмените Силјан Мицески и Ардијан Амзоски.

Обвинетите се изјаснија дека не чуствуваат вина за делата кои обвинети.Таткото на Бојан Јовановски, Миле Јовановски рече дека е срамно што на 63 години го прават криминалец и дека не го ни прочитал обвинението оти немал гржа за тоа што го пишува.

За случајот „Меѓународен сојуз“обвинети се Јасна Мандиќ, Бојан Јовановски-Боки 13, Фросина Ременски, Миле Јовановски и Христина Блажеска за кривичните дела „измама“ и „перење пари“.

Слични содржини