Прекините на вакцинацијата поради Ковид-19 ги загрозуваат животите на децата

од Stefanija Kuzmanovska

Милиони деца би можеле да умрат од болести кои можат да бидат спречени како резултат на прекинување и пореметување на програмите за вакцинирање, поради новата пандемија на коронавирус, предупредуваат експертите, а пренесува Би-би-си.

Погодени се најмалку 68 земји, од кои некои целосно престанаа со вакцинациите.

Светската здравствена организација (СЗО) ги советува многу земји да ги прекинат вакцинациите за да помогнат во забавување на ширењето на коронавирусот.

Сепак, СЗО сега е меѓу оние кои изразуваат загриженост за долгорочното влијание на таквата мерка.

УНИЦЕФ, Институтот Сабин и Здружението за вакцинирање Гави исто така се загрижени дека илјадници деца би можеле да умрат секојдневно.

Најмалку 80 милиони деца под една година се изложени на ризик

Се проценува дека 34,8 милиони бебиња не биле вакцинирани во Југоисточна Азија поради пандемијата на коронавирус, додека во Африка 22,9 милиони ја пропуштија вакцинацијата.

Неодамнешните предвидувања од Школата за јавно здравје „Џон Хопкинс Блумберг“ сугерираат дека нарушувањата на оваа клучна здравствена услуга би можеле да резултираат со секојдневна смрт на уште 6.000 деца.

Меѓутоа, ова се уште може да се спречи ако владите одлучат да дејствуваат веднаш.

Слични содржини