Прекинување на насилството во Газа и Израел, приоритет за ЕУ

од desk4

ЕУ „нареди“ да биде прекината војната меѓу Палестина и Израел. Бараат да бидат прекинати израелските операции во Газа и ракетирањето на Израел.

„Бараме итен сеопфатен прекин на огнот што ќе стави крај на израелските воени операции во Газа и сегашните ракетни истрели против Израел, што е неприфатливо. Меѓународното хуманитарно право мора да се почитува“, наведе шефот на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел.

Ракета истрелана од Појасот Газа денеска врз градот Реховот во централен Израел уби едно лице, а повредени се најмалку две лица, соопшти израелската полиција.

Слични содржини