Преку постковид 19 трасформативната програма поддржани 15 микро и мали претпријатија

Преку постковид 19 трансформативната програма во рамки на Стопанската комора на Северозападна Македонија, поддржани се 15 микро и мали компании.

Оваа програма е создадена со цел компаниите да ги надминат негативните влијанија од економската криза што ја предизвика пандемијата на Ковид-19. Целта е да им се помогне на компаниите да ги одржат нивните позиции на пазарот и да создадат дополнителни работни места. Изборот на компаниите се прави по принципот „прв дојден, прв услужен”.

„Компаниите истовремено станаа членки на Комората, им беше овозможено менторство и изработка на поединични бизнис планови како и обуки во областа на дигитален маркетинг, продажба и преговарања. Cо создавањето на оваа програма, Kомората докажува дека секогаш е во чекор со различните надворешни фактори кои влијаат врз економијата на земјата и во исто време се покажува креативност и подготвеност за трансформирање на услугите кои се нудат за членките на СКСЗМ, кои ќе овозможат подобрување на условите за водење бизнис во земјата и по периодот на пандемијата, изјави Дриљон Исени, извршен директор на Стопанската комора на Северозападна Македонија.

Како што информира претставникот од Канцеларијата на УСАИД во С.Македонија, Ерик Јановски, приоритетот е да инвестираат луѓето во себе и своите бизниси.

„И доколку вие и вашите бизниси ги гледате придобивките од програмите на Комората, споделете го искуството и со други компании за да се приклучат и тие како платени членови. Помогнете им на коморите да станат одржливи, за и тие да можат да продолжат да ве оспособуваат со вештините кои сакате да ги стекнете“, посочи Јаноски.

Инаку, за потсетување, настанот е оранизиран со поддршка на Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем, како дел од активноста за зајакнување на капацитетите на бизнис организациите и подобрување на услугите што тие ги нудат на компаниите во државата.

Слични содржини